дома Свет И ОВА ГО ИМА ВО СВЕТОТ: Министерка оди на породување со велосипед,...

И ОВА ГО ИМА ВО СВЕТОТ: Министерка оди на породување со велосипед, министер сам чека воз

На социјалните мрежи денеска беше споделена фотографија од актуелниот германскиот министер за транспорт Андрејас Шојер кој чека воз како и сите други граѓани сосема сам на железничка станица. Нема обезбедување, шофери, советници.

Минатата година исто така имаше интересен пример. Министерката за жени на Нов Зеланд на породување отишла со велосипед. Јули Ен Гендетр од Паријата на зелените, пред породувањето на Инстаграм постирала фотографија пред болницата.

„Убава недела за утринско возење велосипед до болница на породување за конечно да го добијам ова бебе. Тоа е тоа посакајте ми среќа. Со партнерот решивме да одиме со велоспипед бидејќи во автомобилот немавме доволно место за екипажот за поддршkа. Исто така возењето велосипед ме става во најдобро расположение“, напишала министерката.

Таа се породила во државна болница во 42 недела од бременоста, а искоментирала и дека возењето не било толку тешко бидејќи патот во поголем дел бил надолнина.