дома Европа И ОВА Е МОЖНО: Украден трамвај од постојка во Виена

И ОВА Е МОЖНО: Украден трамвај од постојка во Виена

Непознато лице украл еден трамвај од станица во Виена.
На станицата Родаун во виенската околија, околу осум часот наутро, непознато лице влегло во трамвај, кој возачот го напуштил на кратко.

“Нашиот возач мораше на кратко до тоалет и го заклучил трамвајот кога излегол. Меѓутоа кога се вратил трамвајот го немало“- пренесува портпаролот на градскиот сообраќај. “Viner linien” , Михаел Унгер.

“Viner linien” веднаш откако биле известени за украдениот трамвај, ја исклучиле струјата на мрежата, така што трамвајот морал да застане.

Украдената композиција е пронајдена кај станицата Брајтенфуртерштрасе после една станица.

По крадецот се води истрага, но се наведува моментот дека трамвај не може да управува секој, како и дека за неговото движење било потребно клуч за активирање, а возачот со себе го имал својот клуч.