дома Балкан И покрај најавите дека ќе биде погребан утре, Балашевиќ погребан денес

И покрај најавите дека ќе биде погребан утре, Балашевиќ погребан денес

Иако беше најавувано дека славниот српски пејач, поета и писател Ѓорѓе Балашевиќ(починат од коронавирусот), ќе биде погребан во понеделник на градските гробишта во Нови Сад „Панонскиот морнар“ или како уште го ословуваа “Васа Ладачки“, сепак денес (недела) беше погребан, со песната „Оливера“ посветена на неговата сопруга.

Во тажната поворка беше само најблиското семејство, а исто така и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, како и градоначалникот на Љубљана.

Во Нови Сад денешниот ден е прогласен за Ден на жалост.