И пokpaj гoлeмиoт бpoј нa зaбoлeни oд koвид-19 вo Гpциja ќe нeмa kaрaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката Влада не планира да воведе строги ограничувачки мерки, и покрај зголемениот број новозаболени од Ковид-19.

– Во Грција вчера има нови 3.600 лица заразени со коронавирусот за еден ден, изјави министерот за туризам Харис Теохарис.

Властите соопштија дека се интензивираат полициските контроли во туристичките места. Тие веќе затвораат обjекти кои имаат повеќе клиенти од дозволениот број и не се во согласност со мерките.

Според локалните медиуми, ограничувачките мерки на островот Миконос не дадоа резултати.

Локалните власти на островите сакаат поголема контрола, но не и строг карантин. Според лекарите, изминатите денови делта сојот брзо се шири на островите и детските кампови.

Островот Кастелоризо, каде сите жители се вакцинирани и нема заразени стана светски хит за туристите. Сите хотели таму се целосно резервирани и за септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This