дома Македонија И САМИТЕ СЕ СРАМАТ: СДСМ на оглас не бара кандидат за претседател...

И САМИТЕ СЕ СРАМАТ: СДСМ на оглас не бара кандидат за претседател на Северна, туку на Република Македонија!

Очигледно и самите се срамат од тоа што го направил со оглед на фактот што СДСМ на огласот за претседател не бара претседател на Северна туку претседател на Република Македонија. ,,Отоврен повик за самокандидирање на кандидати за Претседател на Република Македонија за Претседателските избори 2019 година”, токму ова го пишуваа на веб страницата на партијата.

-Со огласот СДСМ ги повикува сите заинтересирани да поднесат кандидатура за Претседател на државата за Претседателските избори 2019 година, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за Претседател на Република Македонија за Претседателските избори 2019 година, стои во повикот на партијата за кандидатури за претседател.