дома Македонија И СО ПPOПАГAHДАТА СЕ ПРЕТEPA: Владата носи мерки за лица за кои...

И СО ПPOПАГAHДАТА СЕ ПРЕТEPA: Владата носи мерки за лица за кои не знае дали пocтојат?

Дали Владата и власта се фатија во сопствената пропагандистичка и популистичка мрежа и тоа со најчувствителната категорија граѓани-оние кои остануваат без работа во екот на светската пандемија со корона вирусот и економските последици од неа?

Ова прашање се наметнува откако претставниците на власта се изгубија во толкувањето на статусот-невработено лице, надополнето со играта на зборови и податоците за тоа дали има или нема зголемување на бројот на невработените.

Да биде апсурдот поголем, изгледа просто неверојатно, но вистинито дека Владата носи економски мерки за лица за кои не знае дали воопшто постојат!?

Мерка 4 – Паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата, согласно работниот стаж преку Агенцијата за вработување.

Оваа мерка ја донесе Владата во вториот сет мерки. А, таа содржи: Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот. За граѓаните, кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон, според кој граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување, согласно нивните години работен стаж. На пример: За 5 години стаж, 4 месеци надомест, или за 24 години стаж-12 месеци надомест.

Значи оваа мерка, всушност и не е мерка, зашто веќе била и претставувала законска одредба. И чуму сега удирање в гради дека, наводно, оваа Влада, односно власт се грижи за оние кои ќе останат без работа во ек на светска пандемија? Пропагандистички и популистички!

На ова, пак, се надоврзува и реакцијата на самата Влада. Па, ќе соопшти дека е неблагодарно да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од КОВИД-19, бидејќи секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата. Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не е губење на работа.

Како Владата, односно власта ќе знае кој е отпуштен како последица од корона вирусот или не, за да ја примени мерката што самата ја донела? Или, пак, не ни знае за кого воопшто ја донела мерката?
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, во својот настап во „Топ тема“ ќе ја „закопа“ Владата, изјавувајќи дека кај нив не се евидентира бројот на престаноци на работните односи!

Билјана Јовановска, директорката на АВРМ вечерва во „Топ Тема“, на Телма телевизија, прво вели дека немало масовни одјави, а потоа вели дека бројот на престаноци на работните односи не ги евидентирала АВРМ.

-Агенцијата прима м1,м2 обрасци за одјави од социјално задолжително осигурување и Агенцијата за вработување не води број на престаноци или број на вработени, тоа го прави Државниот завод за статистика, вели Јовановска.