Ние студентите нема да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци. Ние не сме „граѓани на Северна Македонија”, ниту пак нашата татковина се вика северна провинција, се вели во прогласот на Млади за Македонија за протестот што го најавуваат за 23 јуни пред Собранието на Република Македонија.
Имаме сопствена држава еднаш на 1.000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција – или крај за нашиот македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете сѐ од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Македонци од сите политички партии – од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија“, се вели во прогласот на Млади за Македонија.