дома Македонија И ТАЊА КОВАЧЕВ СЕ „СНАШЛА“ КАКО ТАЛАТ И ГРЧЕВ: Цела фамилија на...

И ТАЊА КОВАЧЕВ СЕ „СНАШЛА“ КАКО ТАЛАТ И ГРЧЕВ: Цела фамилија на пратеничката Тања Ковачев вработена во државна администрација

Уште еден скандал и случај на непотизам ја тресе власта во Македонија. До нашата редакција пристигнаа информација дека покрај вработувањата на децата на Мирослав Грчев и Талат Џафери и други блиски роднини на функционерите од власт се вработени по државните институции ширум Македонија без спроведен конкурс.

Имено мажот на пратеничката Тања Ковачев е вработен на скопскиот аеродром без конкурс, додека нејзината сестра била вработена во УЈП со помош на директорката Сања Лукаревска која е блиска пријателка со Ковачев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати обвинуваше и предупредуваше дека СДСМ ги гледа државните институции како приватни фирми преку кои СДСМ ги отплаќа долговите кон своите партиски војници. Скандалите за милионски тендери договорени во четири очи се во фокусот на јавноста, но и ваквите случаи на непотизам го заслужуваат вниманието на јавноста.

Ковачев беше еден од најистурените членови на СДСМ кои беа учесници во Шарената револуција, а сега улицата ја замени со собраниската фотелја и го донесе ,,животот’’ за целата нејзина фамилија.