дома Политика И ФИЛИП САКА ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Петровски поднесе кандидатура за конвенцијата на...

И ФИЛИП САКА ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Петровски поднесе кандидатура за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Движењето „Македонија блокира“ попладнево поднесе до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатура за претседател на државата. Нивен фаворит е Филип Петровски, кој е сега дел од фракционерското крило на партијата поради отворените несогласувања со актуелното раководство предводено од Христијан Мицкоски. Тој е поранешен директор на Државниот архив.

 

„Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев“, рече Петровски.

Јавниот оглас во ВМРО-ДПМНЕ е отворен до полноќ, но ќе се остави простор до сабота за евентуалните кандидати што аплицирале преку пошта.