дома КОВИД-19 (Коронавирус) И „Џонсон и Џонсон“ вакцината пpeдизвикува згpyтчување

И „Џонсон и Џонсон“ вакцината пpeдизвикува згpyтчување

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ја разгледува можната врска помеѓу вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ и формирањето на крвни згрутчувања. ЕМА добила известување за четири такви случаи.

По вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пријавени се четири случаи на формирање на крвни згрутчувања и низок број на тромбоцити, од кои едниот завршил со смртен исход, објави Европската агенција за лекови, пренесува „Ројтерс“.

Од компанијата велат дека имаат неколку пријави за згрутчување на крвта за кои постои можост да поврзани со вакцината и дека работат на проценка на состојбата со цел да обезбедат веродостојни информации.

„Во моментов не постои јасна причинско последична врска помеѓу овие ретки настани и вакцината Џонсон и Џонсон“, се вели во изјавата од раководството во компанијата.