И “Fox News” мy гo cвpтe гpбoт нa Трамп: Укинaтa e eмиcиja нa нeгoв пpивpзaник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Fox News ја откажа емисијата на Лу Добс, десничарски водител кој изнесувал неосновани теории на заговор и е еден од најжестоките поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на американската телевизија.

Одлуката уследи откако технолошката фирма Smartmatic ги тужела Fox News и Добс за клевета за промовирање лажни тврдења дека компанијата учествувала во измама на претседателските избори во ноември. Тие бараат отштета од 2,7 милијарди долари, тврдејќи дека таква загуба во бизнисот претрпеле со лажните тврдења објавени на Фокс њуз.

„Како што изјавивме во октомври, Фокс Њуз Медиа редовно прегледува програми и има планови за нови формати по изборите, вклучително и во Фокс Бизнис“, изјави за АФП портпаролот на Фокс Њуз.

Откажувањето на шоуто „ Lou Dobbs Tonight “„е дел од тие планирани измени“, рече портпаролот. „Наскоро ќе биде објавена новата програма од 17 часот.

Неговата емисија имала најголем рејтинг на каналот Fox News. Во просек, секоја вечер го гледале 300.000 гледачи.

После победата на Џо Бајден на претседателските избори, домаќинот немилосрдно ги изнесувал обвинувањата за масовна изборна измама што дошле од таборот на Трамп, вклучително и обвинувања за „корупција и нерегуларности“ без да се наведат докази.

Во своето шоу го поканил и адвокатот Сидни Пауел, член на правниот тим на Трамп, кој неосновано тврдел дека машините за броење му ги префрлаат гласовите на Трамп на демократот Бајден.

Десничарскиот лидер беше исто така меѓу првите што ја поддржаа теоријата на заговор преку „извод од матичната книга на родените“ дека поранешниот американски претседател Барак Обама не е роден во САД и затоа не можел да ја извршува таа функција.

74 годишниот водител е на телевизија скоро четири децении, вклучително и една декада во шоуто Lou Dobbs Tonight.

„Лу Добс беше одличен“, рече поранешниот претседател Трамп.

„Никој не ја сака Америка повеќе од тебе, Лу. Тој имаше бројни и лојални следбеници кои внимателно ќе го следат неговиот следен чекор, а тие следбеници ме вклучуваат и мене“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This