Иcплaтa нa пpaвaтa oд coциjaлнa, дeтcкa и цивилнa зaштитa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од утре (5 јануари) почнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита  за декември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, МТСП информира дека исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на утре за лицата чии презимиња почнуваат на – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и на 8 јануари во петок за лицата чии презимиња почнуваат на – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од утре – 5 јануари  2021 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This