дома Здравје Иcтpaжyвaњe: Луѓето кoи пpeлeжaлe Koвид-19 ce cooчyвaaт и co oпaѓaњe нa кocaтa

Иcтpaжyвaњe: Луѓето кoи пpeлeжaлe Koвид-19 ce cooчyвaaт и co oпaѓaњe нa кocaтa

Најновото истражување покажува дека над 20 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19, покрај заморот, губењето на мирисот и болки во градите, се соочуваат и со опаѓање на косата.

Во студијата објавена во списанието „Лансет“ се наведува дека кај 359 од 1.655 хоспитализирани во Вухан, односно 22 отсто од пацинетите се соочиле со паѓање на косата шест месеци по лекувањето.

Дерматолозите наведуваат дека паѓањето на косата е нормален психолошки одговор на стресот и тоа е привремено, но оти Ковид-19 може да предизвика алопеција односно трајно опаѓање на косата.

– Целата на студијата беше да се утврдат долготрајните последици врз луѓето кои прележале Ковид-19, се наведува во студијата на Кинеската академија на медицинските науки.