Иcтpaжyвaњe: Tpeтaтa дoзa нa вakцинaтa имa cлични нyc пojaви кaкo втopaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 покажале нуспојави слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажало иницијално истражување во Израел.

Израел, пред околу десет дена почна да нуди трета доза од вакцинација на луѓето постари од 60 години, како дел од напорите да се забави ширењето на многу заразна делта варијанта на висурот. Тоа земјата ја претвори во полигон за тестирање на третата доза, пред таа да биде одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, вчера соопшти дека вакцинирала повеќе од 240.000 луѓе со третата доза на вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“. Околу 4.500 лица, кои веќе ја примиле третата доза, во периодот од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата и биле вклучени во истражувањето.

Осумдесет и осум проценти од учесниците во истражувањето кажале дека се чувствуваат „слично или подобро“ во деновите по добивањето на третата доза во споредба со тоа како се чувствувале по втората доза.

Триесет и еден процент пријавиле некои несакани ефекти, а најчеста била болката на местото на инјектирање.

Околу 0,4 проценти од испитаниците рекле дека страдаат од тешкотии при дишењето, а еден процент изјавиле дека побарале лекарска помош поради еден или повеќе несакани ефекти.

Шефот на одделот за истражување на Клалит, Ран Балисер, изјави дека резултатите, иако се „првични и самопријавени“, овозможуваат споредување на несаканите ефекти со втората доза и „излегува дека во повеќето случаи тие се слични или помали во трета доза “.

-Иако се уште немаме долгорочно истражување за ефикасноста и безбедноста на третата доза, за персонално управување со ризиците кај луѓето постари од 60 години, овие наоди се уште укажуваат на придобивките од вакцинацијата, со внимателно однесување на возрасните и избегнување на собири во затворен простор, кажа Балисер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This