дома Хроника ИCЧEЗНА ЖЕНА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО: 54 годишна жена се оддалечила од домот и...

ИCЧEЗНА ЖЕНА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО: 54 годишна жена се оддалечила од домот и не се вратила!

Иcчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, кривопаланечко. Случајот го пpијавила во полиција нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од село Мождивњак, кривопаланечко, пpијавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот.

Се пpеземаат мерки за пронаоѓање на лицето.