March 29, 2024, 11:24 am

Иckлучени пумпите за водоснабдување на Делчево поради опacност од пожaрот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради опасност од пожарот кај селото Тработивиште, од напојување со електрична енергија се исклучени пумпите за снабдување со вода за пиење на општина Делчево, соопшти делчевското Комунално претпријатие.
Претпријатието апелира водата да се користи најрационално односно да не се наводнуваат градини и тревници, да не се полеваат бетонските и поплочените дворни површини или на кој било друг начин да се користи водата за основните потреби.
– Исто така, ве известуваме дека поради исклучената електрична енергија, водата што е во цевководот не е со соодветен квалитет, недоволно хемиски третирана и што е можно помалку да се користи за пиење. Апелираме на одговорност и совесност од сите граѓани, соопшти Комуналното претпријатие Делчево.
Во близина на селото Тработивиште е пожарот кој од утрото беснее кај маалата Балабанци и Куријачко Маало. Сите ангажирани сили попладнево се сконцентрирани на влезот на селото и го бранат од огнената стихија која е пресечена пред рибникот Желевица.
На терен се околу 200 лица, вклучително и противпожарни единици од регионот и Бугарија, армиски припадници и припадници на „Тигрите“ кои дојдоа напомош во гасењето на пожарот.
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски претходно изјави дека се работи за апокалиптична ситуација која засега е под контрола да не се прошири стихијата кон селото Тработивиште

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This