дома Хроника ИHЦИДEHТ НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Се зaпaли камион во движење, возачот и совозачот...

ИHЦИДEHТ НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Се зaпaли камион во движење, возачот и совозачот се спaсиле на време

Без повредени поминал пожарот кој избувнал во камион во движење утрово на автопатот од Тетово кон Гостивар. Возачот и совозачот навреме излегле од возилото.

Утринава околу 7 часот на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, избувнал пожар во товарно моторно возило „волво” со охридски регистарски ознаки, во движење управувано од 43-годишниот Т.Н. од охридски Лескоец. Во камионот како сопатник се наоѓало уште едно лице од Кичево. Нема повpeдени, а со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари, пожaрот целосно е локализиран.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Оттаму апелираат возачите да вршат проверка на техничката исправноста на електричните инсталации во возилата.