дома Политика КАВГИ ВО СДСМ И ДЕНЕС: Поранешниот функционер и претседател Љупчо Палевски со...

КАВГИ ВО СДСМ И ДЕНЕС: Поранешниот функционер и претседател Љупчо Палевски со остри реакции за политичкиот аматеризам на Шеќеринска и Манчевски!

Растат тензиите помеѓу членството на СДСМ, откако раководството на партијата комплетно се повлече од јавното политичко делување, заборави на контактите со членовите, и продолжуваат да се молат кај ДУИ за да ги одржи во политички живот

По силните реакции на колумнистот и еден од членовите на претходното раководство на партијата Ивор Мицковски, кој напиша дека Заев глуми демократ, а всушност се работи за дволичен човек, следеа и реакции на останатите членови на партиската раководна структура.

Реагираше и функционерот и екс-претседателот на градската организација на СДСМ Љупчо Палевски кој е незадоволен од немањето на доволен политички ангажман од функционерите на партијата. Критики имаше за Радмила Шеќеринска, но и потпретседателот Манчевски кој наместо да се координира со членството, моли кај ДУИ да ги одржи во живот.

– Абе женава Рада бела Рада кажала нешто неделава? Минатата кажа за сонцето и снегот, деновоиве некој слушнал нешто? – прашува Палевски на неговиот ФБ профил.

Без сопствен став е и потпретседателот Манчевски, кој секојневно е во околината на Мала Речица каде што се моли на милост од ДУИ да ги одржат во политички живот. Палевски реагираше на објавата на Манчевски кој се пофали дека бил на кафе во Тетово.

– Рада во последниве 10 дена пиша цели два реда за сонцето и снегот, а Дамјан Манчевски за вчера во тетово. Аууу, брутална политика јебота лелелеле што би рекол еднооки, лелелеее! – пишува екс-претседателот на Градската организација на СДСМ Љупчо Палевски, незадоволен од аматеризмот на раководството на партијата.

 

Незадоволството во СДСМ е се поголемо, особено по информациите дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има обезбедено Владина коалиција со ДУИ и уште една албанска партија. Вчера на состанокот на Централниот одбор се случила голема кавга, како што пренесува новинарот Миленко Неделковски, на која се разменувале и пцовки.