дома Македонија КАДАРОТ НА СДСМ ВО МВР „НА ПРАВ ПАТ“: Полициските службеници ќе ги...

КАДАРОТ НА СДСМ ВО МВР „НА ПРАВ ПАТ“: Полициските службеници ќе ги обучува партиски кадар

Изминативе неколку години се чини дека граѓаните ја загубија државата, но најголем добитник сепак беше мафијата која по се изгледа доби своја држава. Десетици неразјаснети убиства, бегства од затвори, запалени автомобили и престрелки по улиците ширум државата беа цената која граѓаните мораа да ја платат за коалицијата на Заев со криминалното подземје.

Центарот за обука при министерството за внатрешни работи е еден од клучните ресори во министерството со оглед на сериозноста на задачата која има, а тоа продуцирање на професионални кадри кои треба да ги штитат граѓантие и да се борат со криминалот. Но очигледно е дека тоа не беше приоритет изминатите три години па така на позицијата началник на Центарот за обука беше поставен класичен партиски кадар на СДСМ.

Се работи за Суза Трајковска која на социјалните мрежи има десетици фотографии од партискиот штаб на СДСМ на Бихаќка и учество во партиски активноси, фотографии со пратеници од СДСМ и партиски функционери. Според нашите информации таа е назначена при крајот на минатата година на место на колешка  која била приморана да се повлече .