Каде е најстудено и има најмногу снег во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово се измерени -6, во Крушево -5, Берово -3, во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Дебар – 1. Еден степен над нулата е во Скопје и Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 91 сантиметар, во Маврово снежната покривка е 48, а во Крушево 20 сантиметри.

Најнмогу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал вои Виница 37 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 16 и во Струмица 15 литри.

Во текот на ноќта и утрово е облачно со локален слаб дожд, а во источните делови со врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне во источните делови со врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This