дома Македонија КАДЕ ИCЧЕЗHAA ПАТНИЦИТЕ: Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгyбил речиси...

КАДЕ ИCЧЕЗHAA ПАТНИЦИТЕ: Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгyбил речиси 300.000 патници

И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП – Скопје, со градските автобуси во периодот јануари – јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над 285.000 патници помалку, пренесува Либертас.

Бројот на просечно дневно исправни автобуси во првото полугодие изнесувал 262, односно за 20 автобуси помалку во споредба со истиот период од 2018 година. На само 16 автобуси се намалил и просечниот број на автобуси кои се наоѓаат во резерва за одржување на линиите. ЈСП – Скопје во моментов го финализира тендерот за набавка на нови 30 до 40 единечни и зглобни автобуси, при што во наредните недели ќе се соопшти и производителот од каде ќе се набави модерниот возниот парк.