дома Македонија КАДЕ СЕ МПЦ И ИВЗ ВО ОВИЕ АПOKAЛИПТИЧНИ МОМЕНТИ: Митовски paзочаран од...

КАДЕ СЕ МПЦ И ИВЗ ВО ОВИЕ АПOKAЛИПТИЧНИ МОМЕНТИ: Митовски paзочаран од најголемите народни организации

Во моменти кога светот се соочува со пандемија, Македонија полека но сигурно паѓа во општа психоза поради несигурноста во здравствениот систем и институциите, навистина е неодговорно да се поставуваат билборди со политички пораки, а политичарите социјалните мрежи да ги користат за предизборна кампања.

Во овие моменти, апсолутно сите ресурси треба да бидат ставени на располагање на граѓаните и СИТЕ без исклучок својата медиумска моќ треба да ја искористат за промоција на мерките за заштита од КОВИД-19.

Воедно, сакам да ја поздравам идејата на ДУИ и нивната кампања за активно вклучување во акцијата за спречување на ширење на коронавирусот, и ангажман на своите активисти кои ќе им бидат на располагање на оние кои се во изолација (пазарење, достава на лекови, бесплатни телефонски лини…)

Разочаран сум сепак од МПЦ-ОА и ИВЗ кои како најголеми народни организации, се уште абер немаат да се вклучат во активности за заштита на сопствените еклезии.

Дополнително ме иритира нон-шарлантното однесување на поединци на социјалните мрежи. Не велам дека треба да се плашиме, НО, сфаќањето на пандемијата како „мачкина кашлица“ е несериозно, неодговорно и себично, пишува уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на Фејсбук.