Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити кој му ги постави на седница за пратенички прашања. Меѓутоа одговорите никаде ги нема. ТВ21 го праша кабинетот на Груби и на собранискиот спикер. Од таму со различни одговори.

„Првиот вицепремиер, г. Артан Груби одговори писмено на пратеничките прашања, конкретно на г. Изет Меџити. Одговорите се испратени до Собранието во законскиот рок.“, велат од Кабинетот.

Побаравме доказ дека се испратени одговорите, но такво нешто не ни беше обезбедено, бидејќи од Собранието за ТВ21 велат дека никаков одговор не стигнал од првиот вицепремиер. Од друга страна, и пратеникот од Интегративците, Изет Меџити тврди дека се уште не добил одговор.

„Се уште не. Јас ги подготвив прашањата, сега Артан или нека одговори или нека каже зошто не одговара.“, вели Меџити.

Собранискиот деловник предвидува дека носителот на јавна функција нема можност усно да одговара на пратенички прашања, туку има обврска во рок од 20 дена да достави писмен одговор.

Рокот од 20 дена истече вчера. Меџити прашањата ги постави на седницата на 30 декември 2020. Одговорите според деловникот, најдоцна вчера 19 јануари требаше да бидат доставени во Собранието.

Минатата недела самиот Груби зборувајќи во Клик Плус рече дека ќе одговори писмено. Рече дека критиките за неговата работа ги прима како добронамерни а додаде дека би било добро истите да се направат во партиските органи.

„-А не во Собрание?
-Да, не ми се случило некогаш такво нешто, барем јас не сум направил такво нешто бидејќи бев пратеник.“

Груби рече дека во Собрание секогаш гласал гледајќи како постапува претседателот на неговата партија или собранискиот спикер Џафери, но според пратеникот на ДУИ, Меџити, таа епоха завршила.

„Ако некој мислел дека јас ќе седам и само ќе гласам закони на механички начин, тогаш згрешил.“, рече Меџити.

Овие препукувања меѓу Интегративците започнаа од формирањето на новата Влада, тогаш кога Меџити отворено говореше за незадоволството во однос на назначувањата на ДУИ во извршната власт. 100 дена потоа, Меџити во Собрание побара одговорност од Груби за парализираните ветувања на ДУИ во првите 100 дена влада, за индустриската зона Визбегово како и за правната застапеност на Албанците во приватните компании. Албанската опозиција сето ова го оцени како театар на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This