дома Македонија Какви одговори му дал Османи на бугарскиот министер за надворешни?

Какви одговори му дал Османи на бугарскиот министер за надворешни?

Го комплетиравме досието, му доставив одговори, изјави Бујар Османи на денешната прес-конференција на министерството за надворешни работи на која повторно изрази оптимизам дека Македонија може да ги отпочне претговорите со Европската Унија најрано во јануари 2022 година.

-Одговоривме на пакетот 5+1 кој што беше испратен од страна на Република Бугарија како предуслов за нивна поддршка на преговарачката рамка и поддржување на одржување на првата меѓувладина конференција. Македонија ги прати тие одговори, ги предадов уште на самитот на НАТО во Рига и мислам дека со тоа ние го комплетиравме нашето досие и не можеше да се впери во нас прст, поради неотпочнувањето на процесот на преговори со ЕУ. Продолжуваме понатаму со разговорите, вели тој.

Неофицијално прашањата на кои одговорил Османи и Владата се однесуваат на кратко име на државата, говорот на омраза, на рехабилитација на жртвите на комунизмот, на работата на историската комисија, на немешањето во внатрешните работи на Бугарија.

Софија очекува јасни гаранции од Скопје по однос на правата на граѓаните со бугарска национално чувство и исполнувањето на Договорот за пријателство од 2017 година, истакна шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на билатерални средби со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во очи на самитот на НАТО.

Дали се разговарало директно за постоењето на македонски јазик и македонски народ, Османи не открива дали се разговарало.