дома Македонија КАКВО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ДОГОВАРАЛЕ ОРЦЕ И ФИЛИПЧЕ КАЈ БОКИ ДОМА: Од...

КАКВО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ДОГОВАРАЛЕ ОРЦЕ И ФИЛИПЧЕ КАЈ БОКИ ДОМА: Од што се плаши Орце Камчев?

Вистниска драма се случуваше пред неколку часа во судницата во Кривичниот суд, Орце Камчев призна дека на една од средбите со Бојан Јовановски бил присутен министерот за здравство Венко Филипче. На конкретно прашање на Бојан Јовановски за една од средбите со Орце Камчев, сведокот одговори:


-Бев повикан во твојот дом на средба за да ми понудите одредена работа која што јас ја одбив.

-Дали ќе кажете кој беше присутен, потпраша Јовановски.

-Не би коментирал, одговори Камчев.

Одговорете истакна судијката која забележа дека тоа може да е битно.

-Беше присутна жената нова кај Бојан што работи, беше присутен Зоки Кичевскиот и беше присутен министерот за здравство, додаде Камчев.

Кој министер, потпраша Јовановски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговори Камчев.

По што судијката го прекори Камчев дека на тоа прашање веќе одговорил Боки 13, односно немало потреба да го каже неговото име.

По завршувањето на рочиштето Камчев даде изјава за медиумите при што уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го запраша Камчев каква била улогата на Филипче на состанокот и за каков проект се работи.

-Господине Камчев каква е улогата на господинот Венко Филипче на состанокот кој што го зборуваше Бојан Јовановски? За каков проект се работи, запраша Митовски.

Според Камчев проектот е небите, но се работело за некакво јавно приватно партнерство.

 

-Небитен е проектот бидејќи Бојан Јовановски бладаше сешто збори глупости и имаше идеја да прави некакви јавни-приватни партнерства и бла, бла, бла, бла…Беше еден состанок од мене непотрврден без интерес ниту од министерот и мислам тоа беше само муабет, вели Камчев.

-Има државни болници што не се целосно искористени, работат со мал капацитет, како што се оние во Кочани и во Кавадарци, каде нема пациенти, персонал, експертиза. За таа цел после изборите ќе почне широка физибилити студија за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, што ќе ги опфаќа сите дејности што сега се даваат на секундарно ниво, што се очекува да биде финализирана во јуни. Целта е да се направи ефикасен систем во кој ќе се ослободиме од непотребните трошоци за одржување на објектите.

Ова на 29.03.2019 го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека не постои никаква опасност да се затвораат болници, здравствени работници да остануваат без своите работни места, туку напротив се повеќе и повеќе ќе примаат луѓе во здравствениот сектор и не постои никаква можност, ниту опасност да се зголеми трошокот што граѓаните го плаќаат во форма на придонес за здравствено осигурување.