дома Македонија Каков удap сине: Aктерите се опpocтуваат од Славиша Кајевски

Каков удap сине: Aктерите се опpocтуваат од Славиша Кајевски

Тажна вест утрово ги вознемири македонските граѓани, откако од Македонскиот народен театар соопштија дека на 39-годишна возраст починал нашиот познат актер Славиша Кајевски.

Колегите од МНТ напишаа дека трагично го загубил својот живот, не откривајќи ги причините за смртта.

Неговите колеги не можат да ја прифатат оваа загуба и со трогателни пораки се простуваат од Славиша.

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок.. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

На „Фејсбук“ се огласи и Јелена Јованова.

„Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“, напиша таа.

Се опрости и Драган Спасов Дац

Неверување и кај македонската пејачка Нина Јанева

Благој Веселинов се опрости од ортакот