Каков ќе биде новиот претседател доволно кажува тоа што никој не го знаеше и што мораше да го бараме на интернет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот дека Ковачевски се појави на преговори уште пред Заев да ја поднесе оставката и да преговара тоа беше октроирање на нов претседател. Вие си давате оставка и може да имате нов пулен, но треба да си молчите, а членството е тоа што треба да го избере новиот претседател, вели во „Што не е јасно“ на Алфа, Јован Донев поранешен амбасадор.

Според него каков ќе биде новиот претседател доволно кажува тоа што никој не го знаеше и што мораше да го бараме на интернет.

– Ако СДСМ најавува нов кандидат и ние мора да отвораме на интернет за да видиме кој е тој кандидат доволно тоа ни кажува. СДСМ е заробена партија, одредени членови го поддржуваат Заев затоа што на некој начин тоа го прават од лукративни цели. СДСМ си има внатрешен сериозен партиски проблем и тоа се покажа на изборите, рече Донев.

Тој истакна дека ова сега ќе биде уште еден удар за таа партија и може да дојде навистина до пасокизација на СДСМ, но Заев тоа не го интересира.

– Заев не го интересира ниту партијата, ниту нацијата, туку само тоа што му е дадено на маса, изјави Донев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This