дома Македонија КАКО БЕШЕ ТОА, „КУРТОН ВЕСТИ“?: 24 Вести го прогласи убиството на Саздо...

КАКО БЕШЕ ТОА, „КУРТОН ВЕСТИ“?: 24 Вести го прогласи убиството на Саздо за несреќен случај, па го избришаа прилогот!

Пропаганданата машинерија на СДСМ е пуштена на најако, се работ за очајнички обид да се испере секое злодело на власта во изминативе година дена. Сепак репортажата на телевизија 24 за убиството на младиот Саздо на телевизија 24 Вести се чини го допре дното во македонското новинарство. Имено репортерот на телевизија 24 вести го прогласи свирепото убиство на Никола Саздовски за несреќен случај за време на неговото директно вклучување во вестите. Во јавноста се почесто се говори за поврзаност помеѓу сторителите со пратеникот од ДУИ, Артан Груби дел од владината коалиција на СДСМ, поточно можните фамилијарни конекции помеѓу Груби и третиот исчезнат напаѓач.

На ваквото непрофесионално однесување на репортерот на телевизија 24, реагираа и експерти од областа на правото меѓу кои и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски. Тој на својот Фејсбук профил жестоко го критикуваше срамниот обид за манипулација со јавноста и прогласувањето на ваквото злосторство за несреќен случај.

-Почитувани пријатели 24 секогаш на задачата известува компетентно, искрено, од срце и со голема новинарска желба и секако познавање од правото и судските постапки. Не седете со скрстени раце како во примерот!
Слушнете го целиот линк од денешните информации за новостите во судот или обвинителството. КОЈ РАЗБАЛ, РАЗБРАЛ, КОЈ НЕ ПОВЕКЕ СРЕЌА ВО НЕКОЕ ИНТЕРВЈУ СО СУДИЈА ИЛИ ОБВИНИТЕЛ!
Еве го тоа што го оставија од целата снимка од линкот, зоштооо па толку е профи???!, иронично напиша Панчевски на својот Фејсбук профил.

Повеќе од јасно е дека медиумите кои добиваат подолго време државни пари, сега го одработуваат лебот. Да се потсетиме дека само пред неколку дена порталот и весник Слободен Печат доби милионска сума државни пари од Фондот за Иновации за печатница, иако Геровски не е Гутенберг.