Како во времето на Тито: Нapодот победи на референдум, во Берлин ќе се одзема имотот на големите земјопоседници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Берлинците го поддржаа референдумот против гентрификацијата – одземање на имотите на големите земјопоседници, пренесува „Еуроњуз“.

На референфумот кој се совпадна со германските парламентарни избори, локалците го поддржаа одземањето на имотот на земјопоседниците кои управуваат со голем дел од становите достапни за изнајмување.

Кампањата против гентрификацијата е именувана според Дојче Вонен, приватен земјопоседник кој поседувал 110.000 станови во Берлин.

Доколку барањата на референдумот се усвојат, становите во Берлин ќе се одземат од сопствениците и ќе станат достапни за поефтино вселување.

„Скоро е невозможно да се опише чувството. За многу од нас, ова изгледа како завршница на маратон кој траел четири години“, изјавила Кале Кункел, активистка на кампањата.

Според Кункел, поддршката што ја добил референдумот е кулминација од неколкугодишната кампања против високите цени за купување и изнајмување недвижнини во Берлин.

Преку оваа мерка, подостапни за вселување ќе станат 240.000 станови.

Според Кункел, резултатите од референдумот го отсликуваат распололожението на Берлинците, па оттаму политичките лидери не можат да ги игнорираат барањата

Социјализацијата на четврт-милион станови може да изгледа радикално, но ова само го отсликува очајот на кираџиите во Берлин.

Во градот кој е познат како еден од најевтините европски главни градови, цената на киријата дупло се зголемила во последната деценија.

За многу поддржувачи на референдумот, иницијативата претставува осигурување дека Берлин ќе биде достапен за живеење за сите негови жители, а не само за богатите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This