дома Македонија КАКО ДА НЕ ПОСТОЕЛЕ: По затворените дуќани, избришани ФБ и ВЕБ страницата...

КАКО ДА НЕ ПОСТОЕЛЕ: По затворените дуќани, избришани ФБ и ВЕБ страницата на „Нефа мебел“

По ставањето на клуч на вратите на продажните салони на „Нефа мебел“, денеска целосно отстранети се ФБ и ВЕБ страницата на компанијата која во Македонија имаше отворено неколку продажни салони ширум државата.

Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово, но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и Фејсбук и Инстаграм профилите.

„Нефа мебел“ е српско-руска фирма што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит“.