дома Социјални Мрежи Како Кацарска вo двa мeceци coбpa дoвoлнo иcкycтвo зa пpeтceдaтeл нa Уcтaвeн...

Како Кацарска вo двa мeceци coбpa дoвoлнo иcкycтвo зa пpeтceдaтeл нa Уcтaвeн cyд?

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, по одлуката на Уставниот суд за прогласување на Добрила Кацарска како претседател на истиот, на социјалните мрежи искоментира како е возможно за толку кус период, Кацарска да биде изгласана за претседател на Уставниот суд.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Госпоѓата Добрила Кацарска пред само неколку месеци стана нов член во Уставниот Суд.

Се прашувам кога успеа да собере искуство, пракса, познавања и запознавање со работата?

Кога се здоби со довербата од колегите кои се со години уставни судии???

Да не се чудиме потоа почитувани граѓани зошто ЕУ ни дава негативни оцени и негативни извештаи.

Да не се чудиме зошто немаме странски инвестиции.

Да не се чудиме зошто економијата ни тоне, а сиромаштијата “чука” на сѐ повеќе врати меѓу семејствата кои сѐ уште живееме овдека.

Сето тоа е ланчан систем. Не случајно првите поглавја кои се отвораат со ЕУ се поглавјата за правна држава и правосуден систем.

Со овакви одлуки, таканаречениот правен систем во Р. Македонија во суштина е диригиран систем. П.С не честитајте во Уставен Суд, честитајте му на диригентот.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.