дома Македонија КАКО МИНАЛ ЦАРИНА: Платил ли Боки 13 царина за облеката вредна 150.000...

КАКО МИНАЛ ЦАРИНА: Платил ли Боки 13 царина за облеката вредна 150.000 евра?

Бојан Јовановски алијас Боки 13 за три дена, 25, 26 и 27 февруари минатата година, на шопинг во Милано потрошил 148.036 евра. Ова го потвдруваат фискалните сметки, што беа презентирани на вчерашното рочиште за случајот „Рекет“.

Но, меѓу прикажаните докази, барем до сега, немаше потврда дека за купената брендирана скапа гардероба Боки 13 при влезот во државата платил и царина.

Патувањето во Милано, само два-три дена откако ги земал парите од бизнисменот Орце Камчев, Боки 13 го остварил со неговиот автомобил. Според досегашниот тек на доказната постапка, се работи за возило од марката „ленд ровер“, што на лизинг го земала неговата мајка Јасмина. А, заедно со нив патувала и нивната кума, судијката Мери Дика Георгиевска, која се јави и во својство на сведок.

Покрај тоа што е нејасно дали Боки 13 платил царина за брендираната гардероба на која можат да позавидат и многу сопственици на бутици во земјата, останува и дилемата како целата таа гардероба била пренесена во Скопје? Зашто, не станува збор само за неколку „парчиња“, туку за многу повеќе, иако точниот број не е утврден. А, тоа може да се стори врз основа на прикажаните сметки и фотографии. Веројатно и џипот на Боки 13 немал доволно простор за да ја собере.