КАКО НАТО ГО ОКУПИРА БАЛКАНОТ: Сега Алијансата ја инволвира и Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД и Северноатлантската алијанса „освојуват“ се повеќе и повеќе територии на Балканот, креирајќи „безбедносна зона“ во контекст на „агресивната политика“ на Кремљ. Пред некој ден постојаниот претставник во Алијансата Бејли Хутчинсон изјави дека НАТО ќе продолжи со политиката на отворени врати за новите членови. Таа зборуваше за Македонија. Според неа, аспирантите мораат да ги „задоволуваат стандардите на демократија и одредени армиски норми“. Хатчинсон ветила дека ќе ја поддржува Македонија, кој „може да биде следната земја да го положи испитот“.


Каков е испитот?
Во мај оваа година „Црна Гора го помина испитот“ – беше прифатена во НАТО. Оваа мала тероторија, оставина од поранешната Федерална република Југославија прво беше отцепена од Србија на „народниот референдум“ во 2006 година. Ова е првиот тест на лојалност кон колективниот Запад, спроведен од Мило Ѓукановиќ, кој низ изминатите години беше премиер и претседател на земјата.
Во 90-те, кога во бивша Југославија дивееа војни, Ѓукановиќ организираше мафијашка мрежа за шверц на цигари во Италија. Беше суден во Непал, но тој процес никогаш не е завршен. По се изгледа, Ѓукановиќ е попрофитабилен за западот ако остане на слобода, на краток ланец како послушна марионета. Како резултат на тоа, Ѓукановиќ ја отцепи Црна Гора од Србија, и во последните 10 години како локомотива ја вовлече Црна Гора во НАТО.

Вториот дел од „Марлесонскиот Балет“ се одржа во Октомври 2016 година, ден пред парламентарните избори во Црна Гора. Тогаш Ѓукановиќ објави наводен обид за „пуч“, наводно спроведен и организиран од агенти од Москва, „со цел да ја спречат Црна Гора да се зачлени во НАТО“. Како резултат на тоа, беа избрани пратеници во парламентот кои половина година подоцна гласаа Црна Гора да се приклучи во Алијансата.

Ако некој се сомневаше дека сценариото за организиран пуч, тогаш честитките од Западот ќе ги разјаснат сите дилемо. Мило Цантиќ, проста душа, јавно се заблагодари на Британските и Американските разузнавачки служби за помагање во „истрагата“, Во еден збор, Црногорските власти, и покрај вековните врски со Русите и Србите, успешно го помина испитот за Русофобија.

Следна на ред, Македонија!

Сега, испитот ќе и биде испорачан на Македонија. Треба да се почека за земјата домаќин да започне со водење на Русофобична политика во надворешнополитичката арена, преку информациона и пропагандна кампања организирана од Вашингтон и во седиштето на НАТО во Брисел, безусловно исполнување на улогата доделена на земјата во провокациите против Русија, и така натаму. Онака како во Црна Гора.
Како и да е, испитната сесија за Македонија веќе започна. Финансирани од Стејт Департментот на САД, организацијата за истражување на корупција и организиран криминал, во Јуни издаде текст во кој се вели дека Руски специјални офицери, дипломати и претставници на разни организации се обиделе да влијаат во внатрешните работи на Македонија, ширејќи „информации и дезинформации во интерес на Русија“. Како доказ, беше објавен текст на Македонски јазик – без име на авторот, потпис, адреса и наслов.

Кураторите на ваквата идеја мислат дека сите други се комплети идиоти, бидејќи провоцирањето на Руско вмешување во внатрешните работи е идеја слична како и „документите од Руското досие“ за мешање во изборот на Трамп за претседател на САД, и тоа со помош на Македонски хакери.


Напад на претседателот

Во мај оваа година, Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов ја посети Москва и се сретна со Владимир Путин. Веднаш по средбата, Русија и Македонија најавија позитивен развој во билатералните односи. И веднаш потоа, „бомба“ од ОЦЦРП падна во Русија.
Како и да е, целта беше Ѓорѓе Иванов. Нешто пред средбата, Иванов беше мета на брутален притисок од сите Евро-атлантски структури, кои безобразно се мешаа во внатрешната политка и во кризата во Македонија. Тие бараа Иванов да и го даде правото на опозицијата да формира влада на основа на „Албанската платформа“ – влада составена од коалиција на опозицијата како партија со помал број на гласови и Албанските партии како претставници на малцинството во државата. Зошто? Тогаш, за да се ослабат позициите на претседателот и оние на мнозинското Македонско население.
Албанските партии во Македонија – и самиот Иванов истакна – се директно финансирани и надглдувани од соседна Албанија. Нивната неприкриена желба е да ја растурат Македонија и еветнуално да се приклучат кон Албанија (членка на НАТО).

Албанската опозиција е редовно користена како инструмент од страна на западот за вршење на притисок врз Ѓорѓе Иванов. Впрочем, тој е мета на грозни уцени од Вашингтон и Брисел. Претседателот е принуден да избере помеѓу опасноста од поделба на Македонија – и оваа закана од САД може да се реализира во секое време – и исполнување на задачите зададени од Вашингтон.

Веднаш по формирањето на новата влада и покрај несогласувањето на претседателот, започнаа и анти-Руските изјави од државните претставници. Министерката за одрбана во новата влада Радмила Шеќеринска изјави дека новите Македонски власти прават напри да ја приклучат Македонија во НАТО со цел да ја заштитат земјата од Руското „влијание“ во внатрешните работи. Ваква ситуација може да се набљудува и во слична игра на Западот во доцните 90-ти за време на конфликт помеѓу властите во Србија и Албанците на Косово, кога официјален Белград се обиде да ги разбие анти-државните елементи, за на крајот да се најде виновна затоа што го бранела територијалниот интегритет. Како резултат на ова, историски Српската провинција Косово прогласи независност без референдум – и целиот Запад тоа го призна.

Кој е следен?

Речиси и да нема сомневање дека и Косово исто така ќе биде вовлечено во НАТО во иднина, и покрај можните негодувања од Белград. Но следниот апликант по Македонија нема да биде Косово, туку Босна и Херцеговина. Ова веќе беше доста јавно истакнат план од страна на фондацијата „Херитиџ“ или т.н. Трамповиот тинк-тенк.

Како и да е, остануа мистерија САД ќе ја вметне БиХ во НАТО. БиХ од самиот почеток на своето постоење во 1995 беше поделена во два дела – Република Српска (населена со православни Срби) и Федерацијата на Босна и Херцеговина (населена со Хрватски католици и Босански муслимани). Хрватско-Муслиманската федерација има желба да се приклучи во НАТО. Република Српска гледа со надеж на Белград и Москв.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик и Српското население го поддржуваат во неговото несогласување и одбивање на притисоците од централните власти во Сараево, од каде се обидуваат на секој начин да ја задушат независноста на Бања Лука.

Многу аналитичари мислат дека ако се земат во предвид јасните симпатии на Србите кон Русија и процесот на приклучување на БиХ во НАТО, може да резултира со обид Република Српска да се одвои од федерацијата. Ниту колективниот Запад, кој гледа на БиХ како дел од НАТО, ниту централната влада во Сараево можат да го признаат ова. Србите во Р.Српска сметаат дека не треба да бидат дел од федерацијата каде сите одлуки на централната власт се на штета на нивните интереси.

Во исто време, расположението и желбите на населението се игнорирани, како што беа игнорирани и масовните демонстрации во Црна Гора, чии учесници бараа референдум за прашањето за членство во НАТО. Референдумот не се одржа, а земјата веќе е во НАТО.
Точно, меѓународното искуство во последните години покажува дека Американските планови за геполитичко ретуширање редовно пропаѓаат, и цели региони влегуваат во крвав хаос, како што се случи во Блискиот и среден исток. Имајќи го во предвид не така далечното минато на Балканот, да не ја споменуваме и подлабоката историја на регионот, такво сценарио не може да се исклучи.

Игор
Пшенчинков

РИА Новости

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This