дома Хроника Како на филм: He зacтaнaлe на дaдeн знaк oд cтpaнa нa пoлициcки...

Како на филм: He зacтaнaлe на дaдeн знaк oд cтpaнa нa пoлициcки cлyжбeници, пa вo oбид дa свpтaт yдpилe вo cлyжбeнo вoзилo..

На 03.03.2021 во 23.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Ѓ. (30) од село Мрзенци, гевгелиско и Л.Б.(23) од Гевгелија затоа што околу 19.50 часот на Автопатот А1 – клучка Миравци, И.Ѓ. не застанал на даден знак за запирање и со своето патничко моторно возило „фолксваген туарег” со гевгелиски регистарски ознаки, во кое бил и Л.Б. и го напуштил местото.

Подоцна, неговото возило било забележано на стариот пат Демир Капија – Неготино, каде во обид да сврти удрил во службеното возило „дачија” и го оштетил. 

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.