дома Македонија КАКО ЌЕ СЕ МАНИПУЛИРА СО РЕФЕРЕНДУМОТ: Референдумското прашање клучна алатка во манипулацијата...

КАКО ЌЕ СЕ МАНИПУЛИРА СО РЕФЕРЕНДУМОТ: Референдумското прашање клучна алатка во манипулацијата со референдумот!

Обид за манипулација со јавноста преку сугестивно прашање – вака експертите ги коментираат спојувањето на евроинтеграциите со промената на името. Според аналитичарот Алајдин Демири поигрувањето со формулацијата може да ги збуни граѓаните.


Спојувањето на името и ЕУ и НАТО во едно прашање не би било само збунувачко туку и кршење на Уставот и законот за референдум. Власта калкулира со зборови и фрази – не е исто консултативен, задолжителен и обврзувачки референдум.

И поранешната пратеничка на СДСМ и универзитетска професорка Солза Грчева пак, вели дека законот и Уставот веќе се прекршени со самото изгласување на договорот, па се натаму е противправно и беспредметно за дискусија.

Три датуми се во игра за референдумот во Македонија – 23 септември, 30 септември или 7 октомври. Ова, заедно со можните варијанти на прашањето, го објави премиерот и тоа пред грчката јавност.