дома Македонија Калајџиев: Судството треба да престане да чека одлуки од политката

Калајџиев: Судството треба да престане да чека одлуки од политката

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев зборувајќи за иднината и истрагите на СЈО, денес оценува дека судството треба да престане да чека одлуки од политката.

-Правниот систем е поделен. Од една страна Врховниот суд, а од друга Министерството за правда, СЈО и странските амбасади, рече професорот.

Како поткрепа за ова, тој потсети дека едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството.

-Судството мора да пресече по право, а не по политика. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната, кажа Калајџиев.

Тој посочи дека државата не може да си игра со судбината на обвинетите, во смисла дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон.