Калајџиев: Oва ќе ни yдpи од глава, власта признава дека има политичко влијание во cyдството и тоа е политичко caмoyбиство во нашите аспирации за ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е политички наметнато без да се размисли правно. Една нормална власт кога би сакала да реши ваков проблем, би му посветила повеќе внимание и би размислила што предлага. Тука имаме несмасни изјави, прво меѓународна истрага за завршени случаи, изјави професорот Гордан Калајџиев, во Топ Тема на Телма во врска со договорот на Заев и Гаши за меѓународна истрага или мониторирање на судски случаи како Монструм, Диво Насеље или за малиот Алмир.

Тој истакна дека во овој момент ова е политичко самоубиство, при аспирации за ЕУ да признаете дека имате проблеми со судство и политички процеси, човекови права.

– Тоа значи дека не ги исполнувате критериумите и ова ќе ни удри од глава и од Бугарија и од другите во вакви моменти кога сакаме да добиеме датум, рече Калајџиев.

Според него ако власта признава дека има политичко монтирани случаи, треба да дадат на странци да направат самите избор.

– Власта не приоѓа во проблемот да меѓународните експерти вршат селекција, туку им нуди селекција на предмети. Демек странски експерти да испитаат објективно кои случаи се исполитизирани, а вие им ја нудите таа листа да ги потврдат тие што вие им ги нудите, нагласи тој.

Калајџиев додека и дека власта не треба да ја мота јавноста дека ова е некаков мониторинг.

– Маричќиќ треба да си признае дали е вовлечен во ова и зошто е направено вака непристојно, нека не не маткатаат дека ова е мониторинг, и истрага не е добар збор, ревизија е преиспитување дали предметите имале политички влијание, притоа тие однапред признаваат дека имало влијание, дека државата има потреба да ги расчисти. Второто признание е дека нашиот систем нема механизми како тие да ги истурка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This