дома Македонија КАМЕНОС ЈА ДЕМАНТИРА „СКОПСКАТА“ ВЛАДА: Употребата на терминот „македонски народ“ е спротивна...

КАМЕНОС ЈА ДЕМАНТИРА „СКОПСКАТА“ ВЛАДА: Употребата на терминот „македонски народ“ е спротивна на договорот!

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, вели дека провокативните изјави на македонските официјални претставници против Грција го обесхрабруваат можното решавање на долготрајниот спор околу името меѓу двете земји.

Изјавата, Каменос ја даде за време на својот говор на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во Виена. Каменос истакна дека користењето на терминот „македонски народ“ е спротивно на сите договори, објави агенцијата „АНА“.

„Тоа само го провоцира грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на исходот од референдумот и уставните промени во поранешната Југословенска Република“, рече Каменос.