March 28, 2024, 10:27 am

Кампањата завршува утре на полноќ, задутре е изборниот молк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во недела на 17 октомври, на локалните избори, граѓаните на Македонија ке ги избираат своите градоначалници и општински советници, за кои веруваат дека ќе ги исполнат ветувањата што ги даваат во изборната кампања.

Ден претходно, во сабота, ќе гласаат припадниците на Армијата, старите и изнемоштени лица и притворениците и затворениците. Кај лицата позитивни на Ковид-19, самоизолираните и лицата во изолација гласањето ќе биде извршено со тимови составени од медицински лица. Изборите ќе се одвиваат со строги протоколи за заштита од ширење на корона вирусот. Денеска ДИК ги доставува изборните материјали до избирачките комисии а утре читачите на отисок на прст. Изборниот молк започнува од утре на полноќ, кога завршува изборната кампања.

Во Македонија за гласање прв пат ќе бидат употребени т.н. финерпринт апарати, односно читачи на отисок од прст за биометриска идентификација на гласачите. Уредот ги чита отпечатоците на прстите и се обидува да најде совпаѓање со отпечатоците во електронскиот Избирачки список за сите гласачи запишани на тоа гласачко место.

Државната изборна комисија го претстави начинот на работа на овие апарати, со уверување дека со оваа нова метода на гласање, УВ ламбите и спрејот ќе бидат минато, но и дека минато ќе бидат изборните нерегуларности, како на пример, едно лице да гласа повеќе пати или да гласаат фантомски гласачи.

Како што информираа од ДИК, утре, со придружба и обезбедување на полицијата, ќе бидат доставени сите уреди за биометриска идентификација во општинските изборни комисии, кои и таму ќе бидат соодветно обезбедени од полицијата. Уредите за биометриска идентификација на гласачите се комплетно подготвени и наполнети со отпечатоците од прсти на гласачите од избирачкиот список, добиени од страна на МВР. За потребите на 3480 избирачки одбори има 4000 терминали набавени од германската компанија „Дермалог“.
Отпечатокот од прст внесен во електронскиот избирачки список е ист со отпечатокот што го бара/зема полицијата кога вадиме лична карта.

Инаку, според тендерската документација, апаратите скратено се нарекуваат УБИГ и заедно со централниот сервер, чинат 11,7 милиони евра. Апаратите работат со оперативен систем Андроид 9.0, имаат рам меморија од 2 гигабајти и ром меморија од 16 гигабајти, како и екстерна меморија УСБ или СД картичка од 16 гигабајти. Еден апарат за читање отпечатоци има голем капацитет за собирање на личните податоци на граѓаните кои треба да гласаат. Апаратите ги паметат сите податоци кои ќе се случат на избирачкото место, како на пример, кој гласал, кој во колку часот се одјавил, колку пати имало обиди за идентификација од прст на еден гласач, и сето тоа, доколку има потреба, може да се провери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This