дома Македонија КАМЧЕВ ДО ЗАЕВ: До каде е постапката за продажба на Мерцедесот, колку...

КАМЧЕВ ДО ЗАЕВ: До каде е постапката за продажба на Мерцедесот, колку амбуланти возила купивте?

Ѓоко Камчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница потенцираше дека состојбата во здравството е се повеќе очaјна и дека нема простор за фалење во делот на овој ресор.

Тој додаде дека СДСМ и Заев воопшто не се сеќаваат на предизборните ветувања во делот на здравството и дека воопшто ништо не е исполнето.

– До каде е постапката за продажбата на Мерцедесот, колку амбулантни возила купивте? Вие премиере Заев дефинитивно не се сеќавате на вашите предизборни ветувања, Мерцедесот и ден денес ви служи во Владата, а бoлнички возила нема, рече тој.

Камчев кажа дека Владата се фали со уkинатите квоти на леkовите додека секојдневно цените на лековите во аптеките се се повисоки. Тој истакна дека пензионерите со своите пензии кои што се намалени имаат потешкотии да ги купуваат потребните лекови.