Канада ја зaпoчнa вakцинaциjaтa, a вo jaнуари дoбивa дoпoлнитлни 500.000 дoзи oд вakцинaтa нa „Фајзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека Канада во јануари ќе добие 500. 000 дози од вакцината на компанијата „Фајзер“ и дека Канаѓаните наскоро ќе можат да кажат дека „конечно се отарасиле од 2020 година“.

Канадската министерка за јавни услуги и набавки, Анита Ананд, денеска кажа дека земјата до крајот на септември 2021 година нема да има доволно дози за сите луѓе кои ќе сакаат да се вакцинираат, пренесуваат американските медиуми.

Вакцинацијата во Канада почна токму неделава, бидејќи северноамериканската земја меѓу првите ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“.

Премиерот Трудо очекува следната недела да добие 125.000 дози, а до крајот на месецот уште 255.000 и додаде дека верува дека до крајот на годината Канада ќе добие и околу 168.000 дози од вакцината на „Модерна“, што наскоро ќе биде одобрена во земјата, сметаат канадските здравствени власти.

-Нашата борба против вирусот не е завршена, иако сме подготвени да кажеме збогум и да се отарасиме од 2020 година, рече Трудо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This