дома Македонија „КАНАЛ 5“ ЗАТЕМНЕТА: „Телекабел“ го исклучи „Канал 5“ од својата понуда

„КАНАЛ 5“ ЗАТЕМНЕТА: „Телекабел“ го исклучи „Канал 5“ од својата понуда

Канал 5 телевизија од вчера не е достапна за претплатниците на кабелскиот оператор „Телекабел“, како што велат, поради истечен договор за емитување на програмата 

Во соопштението до корисниците, од „Телекабел“ велат дека Договорот за реемитување со Канал 5 телевизија бил испратен до телевизијата на 20 март, но дека од таа страна не бил потпишан.

„Согласно Законот за авторски права ние сме должни да реемитуваме само канали за кои имаме уредено авторски права и кои се одобрени од страна на АВМУ.

Со оглед на тоа што немаме Договор со Канал 5 телевизија, принудени сме оваа телевизија да ја исклучиме од нашите пакети“ стои во соопштението на „Телекабел“.