April 25, 2024, 11:42 am

Кандидатот за градоначалник на Берово, Пекевски најави продолжување на инвестициите во атмосферска канализација во градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во градот, но и секое село. Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Најдоброто за Берово“ Звонко Пекевски продолжи со презентација на програмата, со која како што рече, ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, реконструкција на улиците во општината, локалните и полски патишта, изградбата на велосипедски патеки, и поддршката на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам.
– Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија. Инфраструктурата е моторот на економскиот развој. Во изминативе четири години посебна грижа водевме за локалните патишта и инфраструктурата во општините. Преку Проектот за локални патишта, кој што е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, 70 милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа, истакна Пекевски.
Додаде дека се што досега е изградено, е изградено за да се модернизира општината.
– Се фокусиравме на подобрување на општинската инфраструктура и преку проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, финансиран преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), Светска банка, КфВ, ИПА и буџетски средства, а имплементиран преку Министерството за транспорт и врски. Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општиниво државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици. Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура. Овој и уште многу други проекти на централната власт се доказ повеќе дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја, додаде кандидатот за втор мандат.
Нагласи дека со заокружување на бројот 12 и поддршка на кандидатот за градоначалник и Советничката листа, граѓаните гласаат за секое населено место со водовод и канализација, за чиста наместо загадена вода, за хигиена наместо ѓубре

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This