Кандидатот за градоначалник на Дебар, Дука вети продолжување на поддршката за граѓанскиот сектор, спортот и културата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Дебар од редовите на ДУИ, Хекуран Дука, оствари средба со претставници на граѓански организации, спортски клубови и активисти од областа на културата.
Присутните зборуваа за плодната соработка помеѓу општина Дебар и здруженијата и клубовите во текот на изминатите две и пол години, од кога татко на градот е Дука, потоа за големата поддршка што ја добивале за секоја нивна активност и разбирање за нивните активности.
Како што рекоа некои од нив доколку не била поддршката од локалната власт и токму градоначалникот Дука, дебарските каратисти не ќе можеле да одат на разни натпревари од каде се враќаат со големи успеси, нема да се одржел фествалот „Албански театар во Северна Македонија“ и други активности.

-Секогаш сме ги подржувале вашите асоциации и активности. Ниту едно барање кое беше доставено до нас не го отфрливме. Во рамки на можностите и би рекол повеќе од тоа, сме подржувале секоја активност за што сте и самите сведоци. Ветувам дека оваа соработка во следниот мандат ќе биде уште поголема и попродуктивна со уште повеќе промовирање на сите спортски, културни активности и работата на граѓанскот сектор, вети Дука.
Дука заедно со носителот на кандидатската листа на ДУ за советници во Советот на општната, чиј носител е Фуат Спахиу, дипломиран правник и познат спортист, почнаа со посета на граѓаните од врата до врата за да ги запознаат со „програмата за работа за следниот четиригодишен мандат“.
Дука две и пол години е градоначалник на Дебар, откако ја доби довербата на дебрани на вонредните избори организирани по смртта на тогашниот градоначалник Ружди Љата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This