дома Политика Кандидатот за градоначалник на Карбинци Паунов: Таринци ќе добие ново училиште, нова...

Кандидатот за градоначалник на Карбинци Паунов: Таринци ќе добие ново училиште, нова надеж за посветлна иднина на младите генерации

Кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов преку видео на Фејсбук објавува дека во општината ќе се изгради ново модерно училиште.

Како што вели Паунов жителите на Таринци ќе добијат нова надеж за посветла иднина на младите генерации.

-Ова се старите училишни згради во Таринци, поминаа многу генерации овде, а условите остануваат не променети. Оваа власт ветуваше изградба на нова енергетско ефикасна, модерна училишна зграда, но како и се во нивната програма и ова остана голема лага, вели преку видеото тој