April 18, 2024, 10:07 pm

Кандидатот за градоначалник на Куманово на СДСМ на средба со граѓани од населбата Ајдучка Чешма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедни улици, изградба и реконструкција на патна мрежа во населбата „Ајдучка Чешма“ вети кандидатот за градоначалник, Оливер Илиевски од СДСМ за Куманово. Тој најави и изградба на крстосница, простор за рекреација, осветлување, сообраќајно решение за поврзување на крстосницата со главен пешачки премин.
Илиевски рече дека ќе се уреди одводниот канал со пешачки патеки, детско катче.
Кандидатот на СДСМ истакна дека соработката на централна и локална власт е клучна.
– Поразително е да немаме детален урбанистички план, некој да ви дава пари, а вие да не реализирате, мора да аплицираме за проекти, само така општината оди напред, кажа Илиевски.
Тој се сретна со граѓаните од „Трета МУБ“ и кажа дека СДСМ е победник на локалните избори, бидејќи програмата е од граѓаните и за граѓаните. Тој вети современ кеј, реконструиран градски стадион, модерен плоштад со шеталиште и со подземно паркиралиште, како и две детски градинки.
– Со „Мој Еколог“ ќе го уредиме секое маало во градот, да го напуштиме старото кампањско уредување и чистење, со континуирано и секојдневно одржување на јавните површини од страна на вработени еколози, рече Илиевски.
Во урбаната заедница ќе се градат тротоари, реконструкција на улици, асфалтирање

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This