дома Европа КАНИБАЛИЗАМ ПОМЕЃУ МИГРАНТИ ВО ФРАНЦИЈА: Уапсени тројца мигранти во Париз кои жив...

КАНИБАЛИЗАМ ПОМЕЃУ МИГРАНТИ ВО ФРАНЦИЈА: Уапсени тројца мигранти во Париз кои жив јаделе друг мигрант

Француската полиција истражува инцидент во кој тројца мажи се уапсени поради канибализам по расправија која тргнала на лошо во проблематично париско предградие

Четворицата мажи се расправале поради пари во апартман во Клиш су Боа, предградие на истокот на Париз во неделата, наведува „Паризијен“.

Расправијата прераснала во тепачка, а тројцата, наводно го нападнале четвртиот човек и му ја одгризале долната усна и уво. Жртвата на нападот успеала да побегне повредувајќи еден од напаѓачите. Повикал и помош.

Кога полициајта стигнала на лице место, ги уапсила тројцата напаѓачи поради канибализам, а еден од нив, заедно со жртвата на нападот е префрлен во болницата Монтфермил.

Подигната е истрага, а полициајта не можела да ги најде парчињата месо од жртвата, за кои се сомневаат дека ги проголтал еден од напаѓачите, наведуваат медиумите.

Сите тројца осомничени се мигранти ос северна Африка.