дома Арсенал КАРАБИЊЕРИТЕ ЌЕ СЕ ПОДНОВАТ: Преку 1.000 парчиња нови „Берета ПМХ“ автоматски пушки...

КАРАБИЊЕРИТЕ ЌЕ СЕ ПОДНОВАТ: Преку 1.000 парчиња нови „Берета ПМХ“ автоматски пушки за најсилната Италијанска служба

Карабињерите, Италијанската специјална полиција, нарача преку 1.000 Берета ПМХ автоматски пушки

Според „Џејн 360“, договорот кој го склучила Генералната команда на Карабињерите е околу 816.000 евра, и е направена поради потребата за замена на старите Берета М12С/ПМ12-С автоматски пиштол, кој се произведуваше дури во 1961 година, а веќе не се прозиведува.

Првично формирана во 1814. година, Карабињерите се Италијанската национална жандармерија, што значи дека се одговорни за полициски работи во армијата и цивилното делување во земјата. Службата е една од четирите гранки во Италијанските вооружени сили, заедно со Армијата, морнарицата и воздушните сили. Ја сочинуваат преку 100.000 припадници.

Берета ПМХ е пушка со затворен полнач и селективен режим на палба, со калибар од 9мм и 6.9 инчи долга цевка. Лесна и ергономски компатибилна пушка. Вкупната тежина на пушката е околу 2 килограми празна, и има „Пикантини шина“ за додавање на различни аксесоари и додатоци. Капацитетот на магазините е со 30 куршуми.