дома Социјални Мрежи КАРАКАМИШЕВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: До кај сме со владеењето на правото?

КАРАКАМИШЕВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: До кај сме со владеењето на правото?

Професорката Тања Каракамишева споделувајќи го видеото во кое Заев отворено бара да се врши поткуп на гласачи и побара од обвинителството да реагира на ваквиот срамен чин. Имено таа преку пост на Фејсбук се обрати до ОЈО и го посочи членот според кој Зоран Заев во своето обраќање го прекршил законот. Таа вели дека ,, Од изјавата како пупка е сторено казнивото дело Поткуп при избори и гласање, чл. 162 од КЗ: Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава, или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години”.