дома Македонија КАРАКАМИШЕВА ДО ОДМЕТНАТИТЕ ПРАТЕНИЦИ: Дали вашата амнестија вреди повеќе од Македонскиот народ...

КАРАКАМИШЕВА ДО ОДМЕТНАТИТЕ ПРАТЕНИЦИ: Дали вашата амнестија вреди повеќе од Македонскиот народ и нашата Татковина Македонија?

Професорката Тања Каракамишева распали по одметнатите пратеници од опозицијата кои гласаа за Северна и му помогнаа да Заев да го спроведе Преспанскиот договор во замена за својата амнестија. Таа им постави две логични прашања на како што вели оние кои се отепаа од коленичење кај власта за да добијат амнестија.

-Две прашања до оние кои се отепаа од коленичење кај власта за да добијат амнестија.

1. Навистина ли верувате дека сте виновни и ако да, дали вашата амнестија вреди повеќе од Македонскиот народ и нашата Татковина Македонија?

2. Ако не се чувствувате виновни зошто овие ступидарии? Зошто се омаловажувате и им влегувате во филмот на продадените и предавниците, прашува Каракамишева?

Засега професорката не доби одговор од ниту еден од нив. Сите молчат и гласаат како што се очекува од власта.

Предходно Каракамишева ги подучи пратениците и јавноста дека амнестија не се дава поединечно,туку за неопределен круг на луѓе учесници на настани со точен период на случувања од-до.

“Слушаме Вилма (обвинителката Русковска) ќе вршела “селекција” на оние кон кои нема да важи законот?! Исусе боже, или власта поим нема што е амнестија или државата комплетно ЗАБЕГА”, напиша професорката која без никаква кампања има поддршка од 2,7 % од гласачите како кандидат за претседател на Македонија.